Ракомет
6. March 2017 - 13:11

ЛШ - жени: „Вардарки“ го загубија првото место во групата

По поразот вчера од Мец во рамките на 5.коло од групата од Главната фаза во женската ракометна ЛШ ракометарките на ЖРК Вардар го загубија првото место во групата. По нерешениот резултат на ФТЦ со Турнингер, сега унгарската екипа ФТЦ е лидер во групата Б, додека во групата А првото место веќе го има обезбедено екипата на Ѓер.

Резултати 5.коло:
А група: Букурешт - Крим 28:26, Митјиланд - Ларвик 24:28, Ѓер - Есбјерг 33:22.
Табела: Ѓер 15 бодови, Ларвик 12, Букурешт 9, Митјиланд 8, Крим 6, Есбјерг 4.
Б група: Мец - ЖРК Вардар 42:28, Турингер - ФТЦ 29:29, Будуќност - Астраханочка 38:20.
Табела: ФТЦ 14, Вардар 13, Будуќност 12, Мец 8, Турингер 5, Астраханочка 2.