-->
-->
ЛШ: Вечерва реванш дуели во Лондон и Неапол
-->
Во вторник ќе се одиграат осминафиналните реванши во Лигата на шампионите помеѓу Наполи и Реал, односно Арсенал и Баерн.
Фудбалерите на Наполи и Арсенал имаат негатива во однос на своите противници, Наполитенаците во првиот меч во Мадрид загубија 1:3 од Реал, додека Арсенал беше декласиран во Минхен 1:5.
Арсенал е пред невозможна мисија, доколку сака во четвртфиналето треба да направи пресврт кој ќе влезе во аналите во Лигата на шампионите.
Четири екипи во историјата надоместиле негатива од четири гола во европските купови португалскиот тим Лексоа во сезоната 1961/1962, белградски Партизан (1984/1985) и Реал (1985/1986), но ниту еден од овие тимови за противник го немал најдобриот германски тим Баерн.
„Во оваа ситуација најдоброто е што немаме никаков избор. Мораме да нападнеме од првата минута. Познато е дека Баерн секогаш или најдобар или меѓу најдобрите три екипи во Европа, што само ќе ни ја отежни работата. Во секој случај нашата гордост е влог во овој натпревар и поради тоа мора да го дадеме мамксимумот“, рекол менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
На менаџерот на Арсенал, кој тимот ќе го составува без болниот Месут Езил, во прилог не му оди и тоа што Арсенал седум години по ред натпреварите во Лигата на шампионите ги завршува во осминафиналето.
Тешка, но не и невозможма мисија имаат пред себе фудбалерите на Наполи, кој ќе се обидат да надоместата негатива од два гола против европскиот првак Реал. Наполи никогаш не успеал да игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а оптимизмот на Наполитанците е заснован на традицијата која вели дека како домаќини никогаш не загубиле од шпанска екипа.
Реал од друга страна Реал лани прекина една многу лоша традиција. Имено минатата сезона Реал ја елиминира Рома, откако претходно осум пати го елиминираа тимови од Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново