ЛШ: Порто му ги отвора европските порти на Вардар!
Ракометарите на Вардар вечерва во 20.45ч во салата Јане Сандански го играат третиот дуел од Лигата на шампионите. Во Скопје доаѓа екипата на Порто која игра атрактивен ракомет и најавува победа против европскиот првак.
Од многу причини интересен и важен натпревар за двете екипи. Македонскиот претставник одигра две средби и по победата над Фленсбург посакува победа против Португалците за што подобар пласман во групата –А. Половичен успех досега има и Порто кој ги одигра сите четири средби во најелитното натпреварување и оствари две победи и два порази.
Гостите најавија дека се извонредно мотивирани за вечерашниот дуел по победата над Пик Сегед и како што најави најдобриот стрелец на екипата Мигел Мартинс целта е победа во Скопје за да се обезбеди пласман во следната фаза.
И додека во Порто ќе играат најдобрите Вардар најверојатно вечерва ќе мора да настапи без Германецот Дисингер што сигурно ќе биде голем хендикеп но и мотив и шанса за помладите играчи. Досега овие две екипи одиграле две средби и имаат по една победа на домашен терен.

Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати