-->
-->
ЛШ: Кил „едвај“ до победа над Загреб
-->
Ракометарите на Кил со победата синоќа на домашен терен над ППД Загреб го потврдија четвртото место на табелата во групата А од Лигата на шампионите. Ова беше првиот дуел од последното 14.коло од групната фаза во ова натпреварување. Најдобар играч на дуелот беше хрватскиот репрезентативец во дресот на Кил Домагој Дувњак, кој постигна 10 голови од 11 обиди.
Другите натпревари од 14.коло како и реванш бараж дуелите се играат во сабота и во недела. Македонскиот шампион Вардар е домаќин на Монпеље.
Двојки А група 14.коло: Кил – ППД Загреб 31:29. Веспрем – Висла, Цеље – Бешикташ (сабота), ПСЖ – Флензбург (недела).
Табела А група: ПСЖ 22 бода, Веспрем 21, Флензбург 20, Кил 17, ППД Загреб 11, Висла 8, Цеље 5, Бешикташ 2.
Двојки Б група 14.коло: Вардар – Монпеље, Барселона – Рајн Некар Ловен (сабота), Киелце – ПИК Сегед и Колдинг – Кристијанштад (недела).
Табела: Барселона 21 бод, Киелце 19, Рајн Некар Ловен 17, Вардар 16, ПИК Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.
Реванш бараж дуелите се играат во сабота: Мотор – Ла Риоха (31:30 прв натпревар) и Мешков Брест – Скјерн (31:31).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крадец на накит проголта обетки од „Тифани“ вредни над 700.000 евра
-
Флик: Не беше лесно по црвениот картон, но издржавме
-
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
-
Англичанка го преименува „Американо“ во - „Украино“ како протест против САД
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово
-
Приведен 36 годишник баран со потерница
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина