Фудбал
21. February 2018 - 9:47

ЛШ: Барса со предност се враќа од Лондон

Првиот четвртфинален дуел од ЛШ помеѓу Челзи и Барселона заврши со резултат 1-1 што им носи предност на Каталонците пред реваншот на свој терен.
Челзи одигра солиден меч и по двете стативи на Вилиан истиот играч конечно на почетокот на вториот дел поентираше за радост на домашните фанови.
Барса сепак беше упорна и казни една голема грешка на Челзи кога Иниеста му асистираше на Меси а овој со одмерен удар ги постави конечните 1-1.
На Аргентинецот ова му беше прв гол по 730 минути одиграни против англискиот шампион.

https://