Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани
Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче.
– Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача Лончар
Тој нагласи дека имаме нешто помалку од 12 недели да постигне договор за тоа, додавајќи дека и сега додека трае прес-конференцијата некои граѓани на Македонија се вакцинираат во Србија.
– Им излегуваме во пресрет на сите македонски граѓани кои имаат некоја причина да бидат тука и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина заради тоа што сметаме дека овој проблем не може да го реши една држава само во рамките на нејзините граници. Ова е многу поголем проблем и колку ќе им биде подобро на нашите соседи, толку ќе ни биде подобро и на нас. Во секој случај ја продолжуваме соработката и си помагаме едни на други во корист на граѓаните, рече Лончар во одговор на новинарско прашање.
Прашан дали може во Србија да се вакцинираат и македонските граѓани кои немаат постојан престој, рече дека и тоа е можно.
– Граѓаните на Македонија кои имаат желба да дојдат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку спроведуваме нови акции. Ако нема никаков друг основ не доаѓајте, им порача Лончар на македонските граѓани.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228