Локализиран пожарот во тетовската млекарница, нема повредени
Пожарот во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње е локализиран по речиси два часа гаснење на огнот од страна на пожарникарите.
Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути. На гаснење на пожарот заминале целата смена, како и сите пожарникари кои дошле во ноќната смена од 19 часот.
- Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локални фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени, изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.
- БППЗ на Град Скопје со две возила е стигната на пожарот во Тетово, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Густиот чад од пожарот во млекарницата која се наоѓа на десетина километри од Тетово се забележуваше и во градот, а се чувствува и непријатната миризба.
Ново на Сител
-
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци
-
Падна првиот снег во Хрватска | ВИДЕО
-
Во рација во северно Косово запленети околу шест милиони динари и десетици илјади долари и евра
-
Атина, Букурешт и Софија ќе бараат компензација од ЕУ за скапата струја во регионот
-
Радев пред средбата со Давкова: Очекувам конечно да се решат отворените прашања
-
Надал се откажа од „Лејвер купот“, на негово место доаѓа Григор Димитров
-
Јамал: Да се достигне нивото на Меси е невозможно
-
Реал и натаму со најголем потрошувачки лимит во Ла Лига