-->
-->
Реал и натаму со најголем потрошувачки лимит во Ла Лига
-->
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид по завршувањето на летниот преоден рок остана тимот со највисока граница на трошење во шпанската Ла Лига, додека Барселона е на второто место, објави денеска лигата.
Лигата денеска ја објави границата на трошоците за секој тим, а максималната вредност на Реал Мадрид достигна 755 милиони евра, наспроти 727 милиони евра како досега.
Лимитот на Барселона речиси двојно се зголеми, скокајќи од 204 милиони евра по зимскиот преоден рок на 462 милиони евра.
Атлетико Мадрид е на третото место со најголема граница на трошење од 310 милиони евра.
Ограничувањето на трошоците го претставува максималниот износ што секој клуб може да го потроши за играчи, тренери и друг персонал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Штип: Пронајдена дрога, приведен дилер
-
Криел дрога во автомобилите, истрага против 52-годишен дилер
-
Сообраќајка кај село Избиште
-
Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР
-
Сиљановска Давкова го честита еврејскиот празник Јом Кипур
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија