Локализиран пожарот во село Пресека, Кочанско
Пожарот, кој доцна синоќа изби во атарот на селото Пресека, Кочанско во планинскиот дел на Осоговијата од рано изутринава е ставен под контрола и е спречено негово ширење кон атарот на селото Истибање, Виничко.
Како што информираат од Кочанската територијална противпожарна единица, синоќа во атарот на село Пресека, во месноста „Русев гроб“ околу 19 часот бил забележан пожар, во кој била зафатена поголема површина нискостеблеста шума и мал дел од шумскиот појас.
На терен интервенирале 15 пожарникари од ТППЕ од Кочани и Виница со пет возила, како и вработени во „Македонски шуми“. Пожарот во раните утрински часови бил локализиран и се оценува дека е оштетена површина од над 10 хектари. Состојбата на терен се уште се контролира, а со навременото гасење на огнот спречено е негово проширување кон селото Истибања.
На локацијата кај село Пресека, според надлежните, често се случуваат пожари, а главен предизвикувач е човечкиот фактор.
Само до 15-ти август екипите на ТППЕ имале вкупно 13 интервенции на пожари, а во најголем број случаи се работи за запалена сува трева и стрништа.
Ново на Сител
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол