Локализиран пожарот во околината на браната „Паљурци“ кај Богданци
Локализиран е пожарот што претпладнево ги зафати ридовите и околината на браната „Паљурци“ кај Богданци.
Пожарот се појави во близина на регионалниот пат Гевгелија-Дојран непосредно до приватниот рибник.Од ТППЕ Гевгелија информираа дека моментно пожарот е локализиран и ставен под контрола и оти сеуште не се познати причините за неговото избувнување и покрај тоа што се претпоставува дека се работи за човечки фактор.
Во локализирањето на пожарот учествуваа три противпожарни возила од Гевгелија и по едно возило од Валандово,Струмица и од Дојран како и работници од подружницата на шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија.
Екипите се уште се наоѓаат на опожарениот терен заради целосно гаснење на жариштата кои поради слабиот ветер би можеле повторно да се разгорат.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки