Локализиран пожарот во атарот на селото Речане
Пожарот кој што денеска избувна на територијата на Општина Гостивар во атарот на селото Речане е ставен под целосна контрола и е локализиран, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој додаде дека останати се само два крака кои што само чадат, но, не се забележува горење.
-Благодарение на интервенцијата на лицата од Национални шуми пожарот е локализиран. Откажана е операцијата на гасење на овој пожар со хеликоптер на МВР. Нема потреба од употреба на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека во следниот период лицата од Национални шуми целосно ќе го изгаснат овој шумски пожар, којшто избувна околу пладне, изјави Ангелов.
Инаку, пожарот е видлив од регионалниот пат Гостивар - Кичево - Охрид, наспроти каменоломите покрај патот, што предизвика повеќе јавувања на 112, наведуваат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување