Локализиран пожарот на грчкиот остров Крит
Големиот шумски пожар што вчера избувна во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, денека е локализиран, откако пожарникарите и во текот на ноќта продолжија со гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, интервенираат 186 пожарникари со 12 пешадиски тима, 38 возила и четири хеликоптери, од кои еден е за координација, а доцна синоќа на островот пристигнаа и 17 пожарникари од Атина.
Во текот на вчерашниот ден превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места, а повредени беа три лица, од кои 74-годишен маж е хоспитализиран со сериозни изгореници.
Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека вчера, за 12 часа, односно од 6 до 18 часот во земјата избувнал 71 шумски пожар, а надлежниот министер Василис Кикиљас одржа состанок со тимот метеоролози и со Координативното тело со учество на сите инволвирани поради прогнозите за силен ветер во следните денови во различни региони на Грција, што резултира со опасност од истовремени пожари.
Паралелно, според противпожарната служба на Грција, во текот на вчерашниот ден биле уапсени три лица за предизвикување пожари во различни делови на земјата и им била изречена парична казна во висина од 500 евра.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки