Локализиран пожар во беровско Безгашчево
Локализиран пожарот кој вчера попладне избувна во месноста Безгашчево, атар на село Русиново. Во акцијата за гаснење како што информираа од подружницата на Навионални Шуми, учествувале повеќе екипи со поддршка на локалното население.
-На 23 јули 2024 година, во месноста Безгашчево, атар на село Русиново, Беровско, е пријавен шумски пожар од страна на дежурна екипа од подружницата Малешево-Берово, во попладневните часови. Од страна на службата за заштита на подружницата на Национални Шуми Малешево-Берово, ТППЕ Берово, локалното население и вработените од фирмата ДАЕЛ ТРАНС веднаш е реагирано и пожарот е локализиран и ставен под контрола, информираа од Национални Шуми.
Апелираа населението активно да се вклучи во чување на шумите од пожари.
-Воедно навремено да се пријави секаква појава на чад, за да може навремено да се реагира и да се спречат поголеми штети, додадоа од подружницата.
Малешевијата во 2021 година беше зафатена од големи пожари и затоа апелот како што додадоа е во насока предупредувањата да се сфатат сериозна за да не се повтори катастрофата од пред 3 години.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени