Љубљана демантира дека е регитриран прв случај на зика во Словенија
Словенечкиот министер за здравство Милојка Колар Целарч денеска ги демантираше тврдењата на љубљанскиот таблоид „Словенске новице“ дека е потвреден првиот случај на лице заразено со вирусот зика во Словенија.
Весникот тврдеше дека Институтот за јавно здравје на Словенија го потврдил првиот случај на зика во земјата, додавајќи дека станува збор за словенечкиот одбојкарски репрезентативец Јан Клобучар.
- Лицето за кое што се тврди дека е заболено, не е инфицирано со вирусот зика, изјави Колар Целарч, при доаѓањето на редовната седница на словенечката Влада.
„Словенске новице“ тврдепе дека Клобучар се заразил со вирусот зика за време на подготовките во Бразил, во пресрет на Олимписките игри во Рио де Женеиро. Тој наводно по враќањето во Слоевнија добил висока температура и болки во мускулите, додека останатите репрезентативци немале такви симптоми.
Како што јави словенечката агенција СТА, според критериумите на Светската здраствена организација, Словенија е во групата на земји со умерен ризик за ширење на вирусот зика.
Ново на Сител
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните