„Листа српска“: Албанците виновни за блокадата на институциите
По денешниот последователен неуспех да се продолжи конститувната седница на косовскиот парламент, партијата „Листа српска“ излезе со став дека одговорноста за блокирање на формирањето на новите институции ја сносат албанските политички партии.
- Кризата, во која моментно се наоѓаме, бара договор меѓу албанските политички партии, кои се главните виновници за блокадата и неформирањето на новите институции по изборите од 11 јуни, изјави пратеникот Игор Симиќ, пренесувајќи го ставот на партијата.
Според него, Листа српска во периодот што следува ќе одлучи како ќе делува политички во иднина.
За денеска закажаното продолжение, датум што го побара коалицијата ПАН, пропадна откако истата таа коалиција преку потпретседателот на Демократската партија Енвер Хоџај призна дека го нема потребното мнозинство и побара време од две недели, за потоа да се закаже ново продолжение на седницата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период