Ликвидиран пожарот во село Киселица, Кривопаланечко, изгореа шума и придружни објекти
Пожарот кој од вчера попладне зафати дел од шумски реон, а опожари и придружни објекти и една стара куќа во селото Киселица, Кривопаланечко, е ликвидиран околу десет часот утринава, информираат од Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка.
Велат дојавата за настанатиот пожар е примена вчера околу 15 часот и 20 минути, зафатена е дабова и борова шума, опожарена е една стара куќа, како и неколку придружни објекти, плевни. Воедно соопштуваат дека реонот имал и премногу сува трева, некосена.
-Дуваше и многу силен ветар што беше отежнителна околност во гасењето на пожарот, движејќи го крошнасто, со што пожарот се карактеризира како висок пожар. Иако беше локализиран околу 23 часот синоќа, целосно е ликвидиран во 10 часот утрово. Во гасење од пет утрово се вклучија и припадници на АРМ, со 4 возила и 25 војници, полицијата со четири лица, ДЗС со седуммина, ЈП Комуналец со тројца вработени, „Спасител“, двајца, од општината, ЈП Национални шуми со едно возило и три лица, ТППЕ со 1 возило и двајца пожарникари и месно население околу 10-тина лица. Логистички со вода за пиење и храна како и во останатите пожари деновиве ни помагаа волонтери на ОО Црвен крст, Крива Паланка, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Упати апел мерките за забрането движење во шуми изрично да се почитуваат и луѓето кои ќе се движат во рурални средини да внимваат, а доколку се забележи пожар, да се пријави и веднаш да се пристапи кон гасење за да не настане поголема штета до доаѓање на службите.
И градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, истакна дека благодарение на брзата и професионална реакција на вработените во ТППЕ Крива Паланка, на припадниците на ДЗС, МВР, Здружение Спасител, ЈП Национални Шуми, ОО Црвен Крст, вработени во ЈКП Комуналец, Општина Крива Паланка, членови на Општинскиот кризен штаб, граѓани и месно население, успешно е ликвидиран големиот шумски пожар кој беснееше во атарот на село Киселица со тенденција да се прошири и во село Мала Црцорија.
-Во пожарот изгореа неколку објекти и е причинета огромна материјална штета, но за среќа нема човечки жртви. Благодарност за професионалноста, пожртвуваноста и солидарноста на сите учесници. Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шума и сите вонредните мерки, а секое непочитување правовремено да се пријавува до надлежните служби, рече Мицевски.
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски