Лига на шампиони: Висок пораз на Еурофарм Пелистер од Висла Плоцк
Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостувањето во полски Плоцк загубија од домаќинот Висла со 26-18 (13-11) во рамки на 5 коло во групата А.
Македонскиот ракометен првак лошо го отвори натпреварот во Орлен Арена, дозволувајќи му на полскиот тим на средина од првото полувреме да поведе со високи 9-2.
До крајот на првиот дел Еурофарм Пелистер постепено ги консолидираше своите редови и на полувреме замина со негатива од два гола разлика.
Сепак, Еурофарм Пелистер лошо го отвори и второто полувреме и Висла со серија од 4-1 поведе со 17-12, а во 45 минута ја зголеми предноста на недостижни +8 (23-15).
Кузмановски со пет и Борзаш со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Плоцк.
Еурофарм Пелистер со еден освоен бод сега е претпоследен на табелата пред гостувањето на крајот на октомври на норвешка Фредериција која е на последното место со пет порази во исто толку натпревари.
Ново на Сител
-
Арсеналот оружје во Арачиново припаѓал на 29 годишник од Никуштак
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив