Македонија
26. August 2017 - 16:18

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на регионот на струшко

Продолжуваат теренските посети на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој заедно со дел од партиското раководство денеска беше во струшко, каде директно се запаознаваше со проблемите на граѓаните и направи проверка на тоа како се реализирале ветените проекти од локалната самоуправа и што од она што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го ветила, сега е реализирано.

Денес ја посетив струшка Дрслајца. Саниран е патот кој го ветивме пред граѓаните за што се вложија 6 милиони денари, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.