Свет
18. April 2017 - 20:49

Лидерот на ИД наводно уапсен од страна на Русите, Ирак демантира

Разузнавачката служба на ирачкото Министерство за одбрана соопшти дека лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади се уште е жив и оти се наоѓа во Сирија, додека ирачкиот сајт што е поврзан со шиитската милиција тврди дека Ал Багдади е уапсен во северна Сирија при операција што ја организирале руските разузнавачки служби, откако лидерот на ИД на 2 април побегна од ирачкиот град Мосул. 

Претходно месецов, премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади изјави дека Ал Багдади одамна побегнал од Мосул, а во меѓувреме еден од командантите на ирачките сили кои се борат против исламистите наведе дека Ал Багдади веројатно се крие во близина на сириската граница. 

Ова не е прва информација за апсењето на лидерот на ИД, кого медиумите во повеќе наврати го прогласија за мртов.