Лидерите на Луганск и Херсон од Путин бараат приклучување кон Русија
Проруските власти од украинските области Луганск и Херсон денеска објавија дека ќе поднесат официјално барање до рускиот претседател Владимир Путин за приклучување кон Русија, ден по референдумите наголемо осудени од Западот.
– Драг Владимир Владимирович … барам од вас да го разгледате приклучувањето на Народната Република Луганск кон Русија, како дел од Руската Федерација, изјави прорускиот лидер Леонид Пасечник. Како што тој додаде, „свесни сме за историските, културни и духовни врски со мултинационалниот народ на Русија“. Според него, придружувањето на Русија е сон на тамошните жители.
Пасечник, како и лидерот на Доњецк, Денис Пушилин, најави заминување во Москва за да се официјализира приклучувањето кон Русија. Слично писмо до Путин испрати и Владимир Салдо, лидер на окупациските власти во Херсон.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце