Либиската крајбрежна стража спасила 278 мигранти
Либиската крајбрежна стража во близина на брегот на градовите Завија и Сабрата, западно од Триполи, денеска спасила 278 мигранти, меѓу кои имало и жени и деца, изјави портпаролот на либиските поморски сили Ајуб Касид.
Во близина на рафинеријата во Завија се спасени 128 лица, околу 23 километри од брегот, додека 150 лица се спасени кај Сабрата, изјави Касид за британските медиуми.
Спасените мигранти доаѓаат главно од супсахарските африкански држави, иако меѓу нив имало и еден државјанин на Бангладеш, како и двајца мигранти од Египет.
Мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа често пати тргнуваат на пат од градовите западно од Триполи, што излегуваат на море - Завија, Сабрата и Зуварах, а шверцерите редовно ги испраќаат во небезбедни бродови, напоменуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје