Свет
18. August 2016 - 21:17

Либерман: Израел ќе применува политика на „морков и стап“ кон Западниот Брег

Израелскиот министер на одбрана Авигдор Либерман најави дека Израел ќе почне да ја применува политиката на „морков и стап“ кон Палестинците од Западниот Брег, објави весникот „Џерузалем Пост“.

Либерман нагласи дека Изреал ќе воведе различен пристап кон „Јудеја и Самарија“, називи со кој израелските националисти ги именуваат териториите на Западниот Брег, кој ќе опфаќа „казни за жителите на населените места од каде потекнуваат терористите и економкси бенифиции за луѓето во реоните каде нема терористи“.  

- Сите оние кои се подготвени за мирен соживот со Израелците ќе имаат корист, а оние кои ќе го изберат патот на тероризмот ќе страдаат, нагласи Либерман, кој е лидер на националистичката ционистичка партија Израел е наш дом. 

Согласно планот за ваквата политика, израелското Министерство за одбрана изработило карта на која територијата на Западниот Брег е поделена на зони. Деловите од кои не потекнува ниту еден терорист се обени во зелено, оние со умерена терористичка активнсот во жолто, а реоните каде се родени или живееле поголем број терористи се во црвена боја. 

Врз основа на овој план, во градот Бејт-Сајур ќе биде изградена болница, во Наблус - индустриска зона, во Бидија - стадион, а од Ерихон до јорданската граница ќе биде воспоставен „економски коридор“. Сите овие градови се во „зелената зона“.  

Од друга страна во населните места од „црвената зона“ ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки, ќе бидат уривани станбени објекти и конфискувани имоти на семејствата на терористите и ќе бидат воведени повисоки казни.