LIBE гласаше против либерализација на визниот режим за Косово
Парламентраната комисија за граѓански права,правда и внатрешни работи на Европскиот Парламент (LIBE) гласаше против либерализација на визниот режим за Косово поради неизгласување на демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора.
-Спомената комисија е последна процедура пред Европскот Парламент да одлучи дали граѓаните на Косово може да патуваат без визи во земјите на ЕУ, пишува порталот Албеу.
Според истиот извор, комисијата ветила дека нема да го достави досијето во ЕП без да помине прашањето за демаркацијата.
Пред гласањето,известувачот на ЕУ за либерализација на визите за Косово,Танја Фајон, изјави дека Косово треба да ги реализира последните услови, но дека денеска треба да се гласа за извештајот.
По распарвата, комисијата, доцна попладнево, гласаше против либерализацијата на визниот режим за Косово, но го подржа извештајот на известувачот на ЕУ Фајон, што, сепак, се смета за позитивен чекор.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228