Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
Калед Мешал, кој е еден од лидерите на Хамас, е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.
Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.
Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.
Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Kривична за Перпарим Бајрами: Закупил простории за Лотарија по цена најмалку два пати повиска од реалната
-
Угина мајмун во скопската Зоолошка
-
Украински напад предизвика пожар во руска нафтена рафинерија - нема жртви | ВИДЕО
-
Македонската репрезентација со 27 кикбоксери на Кик Бокс европски куп во Пловдив
-
Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Македонија, пренесуваат грчките медиуми
-
Санкционирани 262 возачи и пешаци во Скопје
-
Бела куќа: Илон Маск е советник на Трамп, не го води тимот за ефикасност на владата
-
Насекаде минусни температури, над нулата само во Демир Капија и Гевгелија