Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас
Калед Мешал, кој е еден од лидерите на Хамас, е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.
Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.
Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.
Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег
-
Изгоре стан во Кисела Вода, повредени се двајца станари, пожарникар и полицаец
-
Трамп: Да беше Бајден на власт, ќе започнеше Третата светска војна
-
Продолжува јавната расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот