Левица: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Град Скопје
На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, повторно, без никакво образложение и забелешки, не гласаа и оневозможија донесување на одлуки кои се од витална важност, како за функционирањето на јавните установи и претпријатија во сопственост на Градот, како и одлуки кои се во насока на подобрување на јавниот превоз и амбиентот на воздухот во градот.
Повторно на дневен ред се најде предлог-одлуката со која ќе се овозможи на Градот да набави нови еко-автобуси, кои не само што ќе овозможат подобар и поквалитетен јавен превоз за жителите на Скопје, надминувајќи ја потребата од ангажирање на приватни превозници за вршење на оваа јавна услуга - автобуси кои се под стандардите утврдени од Градот – со овие екоавтобуси ќе се намали и емисијата штетни гасови и на аеро-загадувањето. За жал, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со негласање, не дозволија оваа одлука да биде донесена.
Дополнително, советниците на ВМРО-ДПМНЕ спречија и поставување на мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот во Скопје, во непосредна близина на фабриката „ТИТАН Цементарница Усје". Со истата постапка, советниците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија и донација на информатичка опрема од 100 преносни компјутери на ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.
Истовремено, советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за одлука со која се предвидува одржување и сервис на сите возила сопственост на Град Скопје во Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје, со што, не само што ќе се овозможеше одржување и сервис на возниот парк на Град Скопје за тој да биде во солидна функционална кондиција на сите возила во сопственост на Град Скопје, вклучувајќи ги и специјалните возила на БППЗ, туку на овој начин одржувањето ќе биде поефикасно, поекономично и пофункционално искористување на сите капацитети и ресурси во надлежност на Град Скопје, наместо тоа да се прави во приватни профитабилни правни лица.
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст