Македонија
6. August 2024 - 20:05

Левица со интерпелација за Гаши по инцидентот на аеродромот - од ВМРО-ДПМНЕ не сметаат дека е потребна смена на спикерот

Смена на Африм Гаши, по инцидентот со неговото обезбедување на скопскиот аеродром за косовската преседателка Вјоса Османи бараат опозициските Левица и СДСМ.  Левица отиде и чекор понатаму, па поднесе и интепрелација за смена на спикерот. 

Апасиев очекува интерпелацијата да биде прва точка на дневен ред во септември, по планираниот одмор на пратениците во втората половина на август. Од Левица детектирале дури 7 грешки на Гаши од кога е на функцијата.

Левица му забележуваат на Гаши и за непочитување на употребата на македонскиот јазик во водењето на седниците, за снимињата на ЕУ и НАТО во собрнаиската сала, за патувањето на неговата сопруга во Вашингтон на НАТО самитот, но и за тоа што закажувал седници надвор од деловничките рокови.

Од СДСМ не се задоволни за тоа што за инцидентот со Османи, кривична пријава добил само шефот на обезбедување на Гаши кој ги пречекорил овластувањата и се заканувал на вработените на аеродромот.  Бараат одговорност да сноси и Гаши бидејки тој му дал наредба на полицаецот.

Од матичната партија на Гаши – Алтернатива бараат видео и аудио докази дека имало пречекорување на овластувањата. Сметаа дека Гаши правилно постпаил што го пратил свотот обезбедување во одбрана на Османи.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега без поддршка на повиците за смена на Гаши.

 „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на собрнаискиот спикер, одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш досега преземаа итни и неодоложни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото беа ставани под тепих.

Обидите на Левица да ќарат политички поени на оваа тема, не’ не изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијатното однесување од нивна страна. Тие имаа шанса да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но наместо тоа одбраа да слугуваат на ДУИ и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Засега за повиците за смена на Гаши нема коментар од неговиот кабиент или пак, од него лично.