Левица пред Уставен суд ја спори уставноста на Законот за попис
Ја известуваме јавноста дека политичката партија Левица до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе ИНИЦИЈАТИВА – ПРЕТСТАВКА за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис.
По тој повод, претседателот Димитар Апасиев одржа прес-конференција каде ги презентира четирите основи по кои Левица го спори овој закон.
„Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.
Вториот основ по кој што го спориме овој закон е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓунарното право и на стандардите на Еуростат. Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ регулативи кои се наведени, во суштина се лажно фингирани. Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.
Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.
Четвртиот основ по кој што го спориме овој закон е владеењето на правото. Имено, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат. Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД