Левица: Ќе поднесеме иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“
Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја. Како што беше поднесена иницијатива за забрана на здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така ќе биде поднесена и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ во Охрид.
Слободата на здружување на граѓаните како уставно загарантирано право има свои јасни граници со цел спречување на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.
Основањето на здруженија со назив „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“, е директно насочено кон насилно уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија, а особено кон разгорување наа национална омраза.
Борбата и победата над фашистичкиот окупатор е дел од европската култура и историја. Воздигнувањето на вакви личности е опасен тренд кој треба под итно да биде спречен во Македонија.
Владата и институциите се слепи и глуви за оваа опасност и не ја спречуваат. Министерот за правда Никола Тупанчески најави одредена Комисија како ад хок тело кое ќе делува меѓуресорски, и ќе дава мислење за карактерот на историските личности.
Во изјавата на Министерот не дознавме на кој начин таа ќе се основа и кои ќе бидат нејзините надлежности. Очигледно е дека оваа изјава е во насока на смирување на македонската јавност која е особено вознемирена и постојано реагира на вавкото подло и тенденциозно наметнување на фашизмот во нашето секојдневие.
Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија.
Центар за комуникации на Левица
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228