Левица: Итно разрешување на Шаќири и Хасипи
Неодамна, Бирото за развој на образование на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се судираат и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници.
Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа.
За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван кадар. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за незадолжителни, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници!
Убедливо најлошиот министер од ДУИ, Јетон Шаќири, во неодамнешно интервју убедуваше дека ќе има учебници на 1 септември и тоа во иста реченица со изјава дека дел учебници само што ја поминале рецензентската комисија, а дел уште немаат поминато рецензентската комисија!
Најмногу загрижува тоа што МОН молчи, односно не се произнесува, а до училиштата ниту нема доставено каков било официјален документ, додека Бирото за развој на образование упатува насоки, кои се спротивни на важечките законски одредби. Очигледно е дека по жестоката реакција на јавноста во врска со Концепција за образование, истата се турка на мала врата.
За катастрофалната состојба во која се наоѓа државното образование, Левица бара разрешување на министерот Јетон Шаќири и на директорот на БРО - Зекирија Хасапи!
Левица
Ново на Сител
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда