Левица: Да се прекинат преговорите со Бугарија
Членувањето во меѓународните организации, кои практично треба да бидат гарант за еднаквоста помеѓу земјите-членки, покажа исклучителна неприменливост во пракса. Интеграционите процеси за членување во овие организации е преобразено во фази кои го разнебитуваат македонскиот идентитет.
Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација практично започна уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа дека првата отстапка направена со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.
Тогаш, политичките елити прифатија промена на државно знаме и привремена референца како име на држава, со што беше создадена подлога за соседните земји непрекинато да бараат по парче од сложувалката на македонскиот идентитет.
Разнебитувањето продолжи преку „Охридскиот рамковен договор“, перипетието се случи во Нивици со ставањето на потписот на „Преспанскиот договор“ а кулминацијата зад затворени врати ја најавува Димитар Ковачевски ,преку прифаќањето на бугарските барање за тргање на ветото и деблокирање на интеграционите процеси со ЕУ.
Бугарскиот премиер пред пратениците во бугарското собрание го кажа она што делегитимираната власт на СДСМ и ДУИ го спроведува зад грбот на македонскиот народ. Односно, сподели дека Ковачевски продолжува по стапките на Заев и прифатил Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав, најавувајки преговори на заедничката историска комисија, која веќе има изготвени текстови и дека разговори за македонското малцинство во Бугарија се недопустливи.
Овие барања се неприфатливи за Македонија! Квази-политичката елита, без ни малку знаење и умешност влегува во дипломатска игра без реципроцитет, дозволува екватантно мешање на внатрешните работи, што го загрозува уставниот поредок на државата. Власта на СДСМ и ДУИ непрекинато работи Македонија да стане дејтонизирана држава, а македонската нација, како конститутивен елемент на државата – да се сведе на етничка заедница!
По ниту еден основ не е дозволиво надворешен фактор да одлучува за промена во сопствениот Устав! Власта мора да застане во одбрана на државниот суверенитет и врз основа на ратификуваните меѓународни договори и веќе добиени пресуди, да се избори за правата на Македонците во Бугарија.
Токму поради сето ова, Левица инсистира итно да се прекинат преговорите со Бугарија од страна на делегитимираната македонска Влада. Доколку откажувањето од македонското име, знаме, народ, историја, јазик и идентитет се условите за зачленување во Европската Унија, тогаш тоа не ни треба!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО