Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо го совладаа словачкиот претставник во СЕХА-лигата, Татран Прешов, со 28:16 (11:7).
Битолскиот тим подготвен влезе во натпреварот, наспроти гостите кои пристигнаа со 11 ракометари и во ниту еден момент од средбата не покажаа дека може да направат изненадување. Дополнителна потврда за впечатокот е движењето на резултатот кој во 51 минута покажуваше 12 голови предност за домашната екипа.
За рутинската победа на битолчани најзаслужни се Граѓан кој постигна 7 и Периќ кој постигна 6 голови, но и 15 одбрани на голманот Хандави кој постигна и еден гол на средбата впишувајќи се во листата на стрелците.
Во фер и коректен натпревар, судиите од Хрватска, Милошевиќ и Губица имаа лесна задача да арбитрираат на оваа меѓународна средба што се одигра во рамки на СЕХА-лигата.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена