Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо го совладаа словачкиот претставник во СЕХА-лигата, Татран Прешов, со 28:16 (11:7).
Битолскиот тим подготвен влезе во натпреварот, наспроти гостите кои пристигнаа со 11 ракометари и во ниту еден момент од средбата не покажаа дека може да направат изненадување. Дополнителна потврда за впечатокот е движењето на резултатот кој во 51 минута покажуваше 12 голови предност за домашната екипа.
За рутинската победа на битолчани најзаслужни се Граѓан кој постигна 7 и Периќ кој постигна 6 голови, но и 15 одбрани на голманот Хандави кој постигна и еден гол на средбата впишувајќи се во листата на стрелците.
Во фер и коректен натпревар, судиите од Хрватска, Милошевиќ и Губица имаа лесна задача да арбитрираат на оваа меѓународна средба што се одигра во рамки на СЕХА-лигата.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови