Свет
3. јуни 2016 - 10:17

„Лекари без граници“ со повик до Турција да отвори граница за уште 100 илјади раселени од Сирија

Организацијата Лекари без граници ја повика Турција да ја отвори границата за околу 100 илјади раселени Сиријци блокирани од војната и нападите на ИД.

– По многубројните раселувања како резултат на воени офанзиви, не е останато место каде тие луѓе може да побегнат, изјави Пабло Марко, шеф на блискоисточниот оддел на Лекари без граници.

– Турската Влада и турскиот народ прават големи напори за да им помогнат на сириските бегалци. Но, денес луѓето од Азаз може да сметаат само на себе. Ја молиме Турција да пројави разбирање и да ја отвори границата за луѓето блокирани во Азаз, нагласи тој.

Воените акции крај турската граница во северната провинција Алепо се засилија оваа недела кога ИД презедоа напади врз бунтовнички групи напредувајќи кон Азаз.