-->
-->
Легендарниот Шукур ќе лежи 4 години?!
-->
Легендата на турскиот фудбал, Хакан Шукур си направи големи проблеми со властите во Турција откако на својот Твитер профил го навредуваше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Иако Шукур изјави дека немал намера со својот статус на Твитер да го навреди претседателот сепак обвинителството на Турција се оглуши на тоа и наскоро треба да биде подигнато обвинение против легендарниот турски напаѓач.
Доколку легендарниот фудбалер биде прогласен за виновен може да мине дури четири години во затвор. Статусот е избришан од Твитер.
Оваа информација ги згрози светските медиуми кои ги критикуваа властите во Турција затоа што ја забрануваат слободата на говорот.
Во својата кариера Шукур одигра 112 меча за националниот тим и постигна 51 гол. Настапуваше за Галатасарај, Интер и Блекбурн. По крајот на кариерата Шукур во 2011. година влезе во политичките води.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За пациентките од крајниот исток нема можност за преглед на мамограф во ЈЗУ
-
Во Брисел нема расположение за уставни измени со одолжено дејство, но предлогот не е ниту одбиен
-
Дурмиши: Цените се намалени за 5 до 10 %, есенската кошничка месечно заштедува до 1300 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Можни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Mожни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ
-
Преглед на вестите од светот