Кошарка
19. October 2018 - 9:52

Леброн со 26 поени во своето деби, Лејкерси поразени од Портланд

Леброн Џејмс дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс, но и покрај неговата добра игра, 16-кратните шампиони на НБА загубија со 119:128 од Портланд во првиот натпревар за новата сезона.

„Кралот“ започна како десно крило во петорката на Лук Волтон, а заедно со него на паркетот во Орегон започнаа Ражон Рондо, Кентавиус Колдвел-Поуп, Брендон Инграм и ЏаВеил Мекги.

Триесет и три годишниот Џејмс постигна 26 поени за 37 минути и додаде во статистиката 12 скока, шест асистенции, една одземена топка и шест грешки. Џејмс имаше 9/12 од поле, 0/4 од тројката и 8/9 од линијата за слободни.

Леброн пристигна во Лејкерс во текот на летото, потпишувајќи четиригодишен договор со вкупна вредност од 153 милиони долари и првпат во својата кариера на професионалец ја напушти Источната конференција. Крилото сепак продолжи со традицијата со пораз да почне во нов тим и веќе е 0-4 во првите натпревари - порази при своето деби за Мајами, како и двапати за Кливленд.

Демијан Лилард со 28 поени и СиЏеј МекКалум со 21 беа најдобри од стартната петорка на „блејзерси“, додека летното засилување Ник Стаускас импресионира со 24 поени од клупата (5/8 од тројка). Еван Тарнер, исто така, одигра силно, откако постигна 13 поени и шест асистенции како резерва.

Џош Харт постигна 20 поени за Лејкерси, Брендон Инграм додаде 16, а Кајл Кузма (15), МекГи (13) и Ражон Рондо (13 и 11 асистенции) ја дополнуваат листата за гостите, кои постигнале барем по 10 поени.

Останати резултати од вчерашните дуели во НБА:

Филаделфија - Чикаго 127: 108

Вашингтон - Мајами 112: 113.