Кошарка
7. August 2024 - 8:37

Леброн Џејмс доби четири конци по лактот во аркадата

Првата ѕвезда на американската кошаркарска репрезентација Леброн Џејмс доби четири конци во пределот на левото око откако беше погоден со лакт на мечот со Бразил (122:87) синоќа во четвртфиналето на Олимпијадата.

Инцидентот се случил во третата четвртина. По ова 39-годишниот Американец не можеше да го заврши натпреварот.

-Добро сум. Само примив случаен удар во лице, рече Џејмс по натпреварот.

Џејмс на паркетот мина 16 минути и 39 секунди, постигна 12 поени, забележа три скока и девет асистенции.