-->
-->
ЛЕ: Севиља го освои трофејот и ќе игра во Лигата на шампионите
-->
Шпанскиот фудбалски клуб Севиља е првиот што третпат по ред го освои трофејот во Лига Европа, второто по квалитет клупско натпреварување на европскиот континент.
Избраниците на тренерот Унаи Емери, синоќа на „Сент Јакоб Парк“ во Базел во финалето го совладаа Ливерпул со 3:1, иако на полувреме губеа со 1:0.
Даниел Стариџ во 35.минута донесе водство за премиерлигашот кое беше анулирано на стартот на второто полувреме со голот на Кевин Гамеиро. Победата на Севиља и ја донесе Коке со погодоците во 64. и 70.минута.
За Севиља ова беше вкупно петти трофеј во Лига Европа (поранешен Куп на Уефа). Од петте титули, три се освоени последните три сезони, а првите два, во 2006 и 2007 година.
Воедно, со победата и освојувањето на ЛЕ, Севиља се избори следната сезона да игра во Лигата на шампионите.
Ливерпул остана на три трофеи и за англискиот тим ова беше прво загубено финале во ова натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти