Фудбал
10. December 2016 - 10:12

ЛЕ: Финалето во Лион

Финалниот меч во фудбалската Лига Европа во 2018 година ќе се одигра во францускиот град Лион, одлучи во петокот Извршниот одбор на УЕФА.
 
Лион прв пат е избран да биде домаќин на некое финале во европските купови. Овој град има нов стадион со капацитет од 59.000 места, кој целосно е довршен оваа година за потребите на Европското првенство.
 
Инаку финалето во Лига Европа за оваа сезона ќе се одигра во Стокхолм, а финалето во Лигата на шампионите во Кардиф на Миленуим стадионот.
 
Претходно, УЕФА објави дека финалето во Лигата на шампионите во 2018 година ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев.