Македонија
29. November 2016 - 12:02

ЛДП се залага за трансформација на пензионерското здружување

Либерално-демократската партија (ЛДП) се залага за трансформиран и независен субјект на пензионерското здружување. 

За тоа, како што соопшти денеска ЛДП,  е потребна трансформација на сојузот во едно советодавно тело за потребите на координација на активностите на општински организации на пензионерските здруженија и останатите субјекти од пензионерскиот интерес.  За членовите на советодавното тело предлага редовно ротирање по однапред одреден распоред, за да се намалеле трошоците за работа.

- Прераснување на општинските организации на пензионери според нивните потреби во независни самостојни здруженија на пензионери, самостојно и независно трошење на средствата од општинските организации за потребите на членството, како и за креативен поттик на активности за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот за лицата од трето доба преку формирање пензионерски невладини организации, се вели во соопштението од ЛДП.