Лазо Кутуровиќ по петти пат го фати Светиот крст во Струмица
Лазо Кутуровиќ, познат во Струмица, како Лазо Длгио, беше најсреќниот меѓу тринаесетте верници кои скокнаа по Светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус. Верни на традицијата струмичани го посведочија осветувањето на водите, по повод празникот Водици- Богојавление.
- Учествувам повеќе од дваесет пати. Се фрлам по Светиот крст за среќа и здравје. Среќен сум што и оваа година успеав да го фатам. Воопшто не ми е тешко да учествувам, рече Кутуровиќ.
На церемонијата учествуваа голем број граѓани, претставници на локалната власт, на сите политички партии и на граѓански здруженија.
- Се надевам дека денешниот ден ќе не поттикне да се пронајдеме во верата и да ги сочуваме трпението и љубовта. Верувам дека покрстената вода ќе ни даде сила за поубаво денес и утре, истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-
МВР со ВИДЕО од акцијата во која се запленети над 500.000 евра
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“