Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-Најважно беше што се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел на дуел со една силна репрезентација како што е Хрватска. Им честитав на момците за борбата, што не се предадовме буквално до последната секунда. Затоа дојдовме овде неколку дена порано, со вакви натпревари да вежбаме не само тактика, туку и карактер, таа борба од почеток до крај, изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија по синоќешниот меч со Хрватска (27:25).
Очекува голем број на наши навивачи на мундијалот и вели дека тие не смеат да бидат разочарани од настапите.
-Може да се случи да загубиме од подобар противник, но не смееме да се предадеме во ниту еден момент со ниту еден противник. Тие ќе издвојат време и пари за да дојдат, ние треба да им возвратиме на вистински начин, со борба и желба за позитивен резултат во текот на сите натпревари. Игравме против селекција што е исклучително квалитетна, со силни индивидуалци, репрезентација што настапи и на последните Олимписки Игри во Париз. Ова е нова генерација на македонската ракометна репрезентација, да се игра квалитетно на гостински терен против еден вака силен ривал сигурно е добра работа, изјави селекторот на Македонија.
Ново на Сител
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст