Лавров: Преговорите за Сирија во Женева се одложуваат за крајот на следниот месец
Преговорите за решавање на конфликтот во Сирија, закажани за 8 февруари во Женева се одложуваат за крајот на февруари, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
- На женевските преговори треба да почне работата за уставот на Сирија, истакна Лавров.
Тој нагласи дека рускиот прокет за уставот на Сирија, доставен изминатите денови до делегатите на сириската опозиција во преговорите во Астана, се резиме на Владата и на опозициските групации од последните години.
- Текстот, разработен од Русија, ќе им биде доставен денеска и на сириските опозициски претставници, кои разговараат со Лавров во Москва, изјави за ТАСС Али Абдусалам од курдската партија Демократски сојуз, која е учесник на средбата.
Според Лавров рускиот проект за новиот устав на Сирија е доставен со цел да се стимулира уредувањето на конфликтот во Сирија.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница