-->
-->
Лавров: Надворешната политика на САД мора да биде појасна
-->

- Политиката на САД на меѓународна сцена ја гладаме како многу контроверзна. Ако се има на ум дека ниту еден член на администрацијата надлежен за надворешната политика не бил на функција повеќе од една година, ако не се лажам, тогаш ќе биде јасно дека смената на генерации влијае врз практичните одлуки што се носат и на начинот на кој таквите одлуки на крајот се применуваат во пракса, посочи Лавров.
Тој додаде дека Москва има сопствени идеи и верзии за акциите на Вашингтон.
- Но, секако, би сакале да добиеме јасно објаснување за целите на САД во овој или оној дел од светот, посебно таму каде интересите на многу клучни земји се совпаѓаат, на пример западните земји, Русија и Кина, а во случајот на Сирија - во земјите од Блискиот Исток, потенцира Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи наведе дека Русија и САД можат многу да направат во искоренување на тероризмот во Сирија и постигнување на политичко решение во таа земја. Тој додаде дека Вашингтон и неговите западни сојузници не се откажале од барањето сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка.
- Ставот на САД за Сирија создава проблеми во спроведување на одлуката за која едногласно гласавме во Советот за безбедност на Обединети нации, наведе Лавров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки