Свет
4. March 2023 - 11:17

Лавров исмеан за време на конференција во Делхи | ВИДЕО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно се обиде да каже дека Западот е одговорен за војната во Украина, што беше дочекано со смеа од учесниците на геополитичката конференција во Њу Делхи во петокот.

На прашањето како конфликтот влијае на енергетската стратегија на Русија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговори дека војната што се обидуваат да ја запрат е започната против нив и дека Западот го искористил украинскиот народ за тоа. Публиката се насмеа на таа изјава.

„Се разбира (конфликтот) влијае на руската политика, вклучувајќи ја и енергијата. Наједноставниот начин да се опише што се смени е тоа што повеќе не се потпираме на ниту еден партнер на Запад. Наместо тоа, Русија бара сигурни партнери како Индија и Кина“, додаде Лавров.