Лавров и Кери за итен почеток на нов круг преговори за Сирија
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери синоќа во телефонски разговор побараа итен почеток на нов круг мировни преговори за Сирија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Преговорите под покровителство на ОН требаа да почнат на 7 март во Женева, но се одложени за 9 март „поради логистички и технички причини, како и поради овозможување повеќе време да се зацврсти прекинот на огнот“.
- Двете страни во конфликтот се повикани да почнат преговори колку е можно побрзо меѓу сириската Влада и опозицијата, во текот на кои само Сиријците треба да ја одредат иднината на својата земја, се наведува во соопштението на руското МНР.
Кери и Лавров, исто така, ја потврдија потребата од заедничка соработка, со цел да се обезбеди крај на непријателството во Сирија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција