Свет
11. October 2024 - 14:04

Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија.

– Деструктивната природа на американските акции во овој дека на светот е очигледна, изјави Лавров по Самитот на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам.

Тој ги обвини САД и сојузниците дека го осуетиле усвојувањето на завршната декларација на Самитот, обидувајќи се да го политизираат документот.

– Русија секогаш ги поддржува напорите на земјите од АСЕАН во зачувување на мирот. Западот сака ова партнерство да биде насочено пред сè против интересите на Русија и на Кина, посочи Лавров.

Тој ја критикуваше идејата за создавање на регионален воен сојуз што моделот на НАТО, со поддршка на Јапонија.

– Идеите за создавање воени блокови секогаш носат ризици од конфронтации … Што се однесува до Јапонија, ние сме сериозно загрижени за милитаризацијата на оваа земја, истакна Лавров, додавајќи оти „е очигледен американскиот притисок Јапонија да ја следат оваа насока“.