Ларвицидна дезинсекција против комарци во Куманово
Општина Куманово во понеделник, на 25 март ќе изврши ларвицидна дезинскеција на подрачјето на градот, информираа денеска, надлежните од општината. Во случај на неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се спроведе наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.
Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените три кои се планираат да се спроведат на подрчајето на Куманово. Со еден третман ќе биде опфатена површина од пет хектари.
Вкупно, за ларвицидна дезинскеција, за дертаизација против глуцви и за дезинсекција против крлежи, општината одвојува 600.000 денари без данок на додадена вредност. Годинава, тендерт го доби фирмата „Плант Медика“.
Од општината информираа дека дополнително ќе го објават тендерот за авионско прскање против комарци.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот