Лани зголемена стапката на морталитет
Во Македонија лани починале 20.461 лице, што во однос на 2014 година претставува зголемување за 3,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Поголем број се од машки пол, 10.562, или 51,6 проценти од вкупно умрените лица. Бројот на умрени доенчиња изнесува 198 и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува еден процент на 100 умрени лица.
Најголем број смртни случаи, 2.105, се регистрирани во јануари.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70,4 години, односно 75,1 години кај лицата од женски пол, или за 4,7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
ДЗС сооопштува дека како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, односно 58,4 проценти од вкупно умрените, по што следат неоплазмите со 18,3 проценти. Случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 4,3 проценти, a случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем се застапени со 3,7 проценти од вкупно умрените.
Ново на Сител
-
Искра од апарат за заварување причина за пожарот во битолскиот мол
-
Џејмс О`Брајан: САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада
-
Подољак: Украина е подготвена за мировни преговори, но само врз основа на меѓународното право
-
Пронајдени над 140 паковки со дрога и пари при претрес во Скопје
-
Изгаснат пожарот кај Стар Дојран
-
Утрово најсвежо во Лазарополе, измерени 7 степени
-
Дачиќ најави помош од Србија во борбата со пожарите
-
Балансерот за Минчев е завршена работа, за Вреди - нефункционално решение