Бизнис
10. јуни 2016 - 12:34

Лани дивоизградени 1.061 објекти

Вкупно 1.061 бесправно изградени објекти се евидентирани во текот на минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од нив, 232 објекти се за домување, 163 се доградби, надградби и адаптации, 104 се деловни објекти, 82 гаражи, 164 огради, 18 скалила, 26 тераси, 11 летни тераси, 78 настрешници, 55 времени објекти и 128 помошни објекти. 

Најголемиот број од бесправно изградените објекти или 98,4 проценти се во приватна сопственост.